Холандскиот интернационалец Дони ван де Бек сериозно размислува да го напушти „Олд Трафорд“ на крајот од сезоната. Тој дојде како големо засилување од Ајакс во редовите на Манчестер Јунајтед, но не доби вистинска шанса од Оле Гунар Солскјер и речиси целиот досегашен престој го мина на клупата за резервни фудбалери.
Му се смачи на одличниот играч за врска да чека шанса од клупата и сака да замине, а најзаинтересиран за неговите услуги е италијанскиот првак Јувентус. Андреа Пирло сака да го реновира средниот ред на „старата дама“ и смета дека Дони ван де Бек би бил одлично решение за тимот.
Јувентус е подготвен да плати 35 милиони евра за да го реализира овој трансфер во летниот преоден рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













