
Џанлуиџи Донарума стана најмладиот капитен на Италија по Џани Ривера во 1965 година, откако ја предводеше својата репрезентација до триумф од 2-1 против Белгија на денешниот натпревар за третото место во Лигата на нации.
Леонардо Бонучи беше суспендиран, додека пак Џорџо Киелини, Жоржињо и Марко Верати добија заслужен одмор, па играчот со најмногу настапи денес во стартниот состав на “аѕурите” беше Донарума. Ова беше негов 38-ми сениорски настап за Италија, откако дебитираше во септември 2016 година.

Со полни 22 години, седум месеци и 15 дена, Џиџо направи историја, односно стана најмладиот капитен на Италија од 1965 година. На 18 април 1965 година, Џани Ривера беше капитен на “сините” на возраст од 21 година и осум месеци. Интересен факт е што најмладиот капитен на репрезентацијата на Италија досега бил Бруно Николе, кој имал 21 година и 61 ден за време на дуелот против Северна Ирска во април 1961 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
