Connect with us

Донарума емотивно се збогува со фановите на ПСЖ (ВИДЕО)

Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, не настапи на натпреварот на неговиот тим против Анже од второто коло во француската Лига 1, но сепак беше присутен на стадионот „Паркот на принцовите“.

По завршувањето на натпреварот, Донарума излезе на теренот и беше пречекан со аплаузи од десетици илјади навивачи на трибините.


Ова претставуваше негово збогување со тимот, откако пред само неколку дена, на 12 август, ги потврди шпекулациите дека ќе го напушти клубот.

Донарума е на чекор до потпис на договор со англискиот премиерлигаш Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови