Connect with us

Доку: Ако не можеме без Де Бруин, Лукаку и Куртоа да го победиме Казахстан, тогаш што бараме на Светско првенство

Џереми Доку даде интересна изјава по ремито 1-1 кое Белгија го забележа на гостувањето кај Казахстан во квалификациите за Светското првенство 2026 година.

„Загубивме премногу поени, затоа што не игравме доволно добро во повеќето натпревари. Нашата квалификациска кампања, искрено кажано, не беше импресивна. Сите треба да се покажеме подобро – селекторот, јас, сите“, истакна Доку.

„Го проучивме тимот на Казахстан и очекувавме да играат со долги топки, но бевме изненадени – противникот избра кратки топки и агресивен стил. Можеби не го анализиравме доволно добро.“

Доку нагласи дека отсутноста на повредените Кевин Де Бруин, Ромелу Лукаку и Тибо Куртоа не е оправдување.
„Ако ни се потребни тие за да го победиме Казахстан, тогаш нема да можеме да сториме ништо и на Светското првенство“, разочарано изјави напаѓачот на Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови