
Поранешниот фудбалер на Јувентус, кој сега настапува за Ница, Марио Лемина, имал страшно искуство додека играше за репрезентацијата на Габон. Во моментите кога играл за националниот тим, крадци ги врзале неговите родители и му украле од куќата речиси се. Тој мораше да го прескокне следниот натпревар на Габон, бидејќи неговото семејство доживеа вистински пекол по вооружениот грабеж.
Група вооружени крадци провалиле во нивната куќа додека тој играл за Габон против Ангола. Крадците ги врзале сите членови на семејството во куќата и им се заканувале со огнено оружје, принудувајќи ги да кажат каде се парите и сите други вредни предмети. Тие украле околу 300.000 евра во готово и многу накит, часовници и брендирана облека.
Според информациите, Лемина сега е на пат кон Ница за да биде со своето семејство, а полицијата трага по крадците. Сепак, досега во овој дел на Франција практично ниедна криминална група не е уапсена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
