Жестоката борба на Европското првенство си го зема данокот. И десниот бек на француската репрезентација Бенјамин Павар загубил свест околу 15 секунди за време на мечот против Германија на Европското првенство.
Само неколку дена по ужасните сцени од натпреварот меѓу Данска и Финска, на кој медицинската служба го реанимираше Кристијан Ериксен и успеа да го спаси, медицинскиот персонал повторно излезе на тревникот поради ситуација која не беше воопшто безопасна.
По дуелот со Робин Госенс, францускиот репрезентативец Бенјамин Павар падна на теренот по воздушен дуел директно на главата. Француските медиуми ден по големата пресметка откриваат дека Павард во еден момент бил во бесознание.
„Тоа беше шокантно. Ме нокаутираа, 15 секунди бев изгубен не знаев што се случува. Подоцна беше добро“, призна Павар.
Селекторот Дидие Дешамп доби и критики дека не го повлекол од игра поради стравувања од потрес на мозокот.
Сите репрезентации кои учествуваат на ЕВРО потпишаа декларација дека ќе преземат сериозни мерки за заштита на фудбалерите поради можни повреди на главата. Доколку некој фудбалер се пожали на таква повреда, судијата веднаш мора да го прекине мечот, а на селекторите им е препорачано да го заменат повредениот играч.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













