Connect with us

До каде стигна Барса: Суперталент нема да игра за клубот да не плати бонус од 10 милиони евра

Барселона минатото лето го загуби Лионел Меси поради сериозни финансиски проблеми. Барселона не можеше да го регистрира и Меси потоа замина во ПСЖ како слободен агент откако му истече договорот.

Сега се појавија нови проблеми за каталонскиот клуб кој е во голема финансиска криза. Талентираниот Јусуф Демир, кој летово пристигна на позајмица од Рапид Виена и оваа сезона девет пати играше за каталонскиот клуб, нема да игра најмалку до февруари.

Доколку австрискиот напаѓач одоигра уште еден меч за Барселона во следните шест недели, во тој случај каталонскиот гигант ќе мора да му плати на Рапид бонус од 10 милиони евра. Таа клаузула би се активирала по десеттиот настап на Демир за Барса.

Донесена е катастрфална одлука од играчки агол, но поволна од финансиски. Барселона ќе го држи Демир надвор од составот до февруари.

Демир се претстави добро во Барселона, но се чини дека клубот во моментов нема доволно пари за да го развива комплетно неговиот талент.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови