Connect with us

Директорот тргна во ВАР – собата да ги тепа судиите (ВИДЕО)

Директор на бразилскиот клуб Коринтијанс се обиде да упадне во просторијата со ВАР судии за време на дербито со Гремио. Шефот на гостинскиот тим Алесандро Нунес беше максимално гневен од постапките на судиите на натпреварот.


Веќе во првите десет минути од средбата играчите и тренерите на Коринтијанс имаа сериозни претензии за пенал, но тој не беше досуден. Неколку секунди подоцна, играч на Коринтијанс имаше груб старт, а судијата му покажа жолт картон.

Сепак, судијата беше повикан од ВАР-собата да ја разгледа ситуацијата. Откако вторпат го виде грбиот старт, судијата се предомисли, го укина жолтиот картон и го исклучи играчот на Коринтијанс.

Во тој момент не издржаа нервите на луѓето од гостинскиот клуб, па предводени од еден од директорите се обидоа да упаднат во просторијата каде што беа сместени ВАР судиите на стадионот.

Обезбедувањето едвај успеа да ги спречи гневните луѓе од делегацијата на Коринтијанс да не се случи и многу посериозен инцидент.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови