Connect with us

Директорот на ПСЖ го нападна судијата Давиде Маса во тунелот (ВИДЕО)

Шефовите на Пари Сен Жермен вербално го нападнаа судијата Давиде Маса во тунелот по натпреварот против Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите. Спортскиот директор Луис Кампос жестоко го нападна Италијанецот, обвинувајќи го дека направил голема грешка во 25-тата минута.

Тогаш дојде до дуел меѓу напаѓачот на домаќините, Бредли Баркола, кој беше во налет кон голманот, и дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате. Маса процени дека нема прекршок, што предизвика гнев кај францускиот тим.

Парижаните тврдеа дека тоа бил чист прекршок и дека требало да биде досуден пенал или да следи црвен картон за Конате, во зависност од тоа каде точно бил направен контактот.

„Секаде во светот ова е пенал и црвен картон!“, му довикнал Кампос на судијата во тунелот по крајот на првото полувреме.

Во ситуацијата, ВАР тимот одлучи да го поддржи главниот судија, поради што Маса не беше повикан да ја прегледа снимката.

На крајот, ПСЖ загуби со 0-1 со голот на Харви Елиот во финишот. Реваншот во Англија е закажан за наредниот вторник.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови