Connect with us

Диого Жота можеби ќе го пропушти и дербито со Манчестер Сити во декември

Напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, продолжува да се опоравува од повреда на ребрата, која ја заработи за време на дербито со Челси, кога противнички играч падна врз него.

Првичните очекувања беа дека Португалецот ќе се врати на теренот веднаш по паузата за меѓународни натпревари, но изгледа дека тоа нема да се случи.

На прес-конференцијата пред натпреварот со Астон Вила, тренерот на тимот, Арне Слот, даде неодреден одговор на прашањето за Жота.

Според шпекулациите во Англија, напаѓачот може дури и да го пропушти дербито со Манчестер Сити, кое е закажано за декември.

„Очекуваме да се врати по меѓународната пауза. Го очекуваме во првите недели по паузата. Во Холандија секогаш сум кажувал дека за овие работи постои доверливост. Не знам како стојат работите тука. Како што веќе реков, тој ќе се врати една или две недели по паузата“, изјави Слот.

Диого Жота веќе пропушти пет натпревари на „црвените“ досега.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови