Connect with us

Димитриевски со сребрен јубилеј, капитенот Ристовски го минува Шаќири

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски вечерва ќе прослави јубилеј. Тој по 50. пат ќе застане на голот на Македонија. Би било прекрасно доколку успее да ја сочува мрежата мирна против големиот фаворит Германија.

Капитенот Стефан Ристовски ќе настапи по 73.пат и ќе го мине на вечната листа Артим Шаќири. Тој влегува во „златната четворка“ на националниот тим.

Повеќе настапи од Стефан Ристовски имаат само Величе Шумуликоски (84), Гоце Седлоски (100) и Горан Пандев (122).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови