Connect with us

Димитар Митровски стрелаше против Динамо Загреб (ВИДЕО)

Димитар Митровски беше херојот на Вараждин во ремито против Динамо Загреб (1-1), одигрувајќи инспиративни триесет минути во завршницата на натпреварот. Македонскиот интернационалец беше меѓу најзаслужните што актуелниот хрватски шампион си замина без да триумфира од ова гостување.

Митровски влезе во 61. минута, а петнаесетина минути подоцна со прецизен удар ја затресе мрежата на Динамо Загреб. Марио Младеновски одигра цел натпревар во одбраната на Вараждин, а половина час доби и Атдхе Мазари.

Динамо израмни од пенал, со погодокот на Бруно Петковиќ.

Стефан Ристовски ги одигра последните дваесет минути од натпреварот во дресот на Динамо Загреб.

Во ова коло, Хајдук Сплит на домашен терен го победи Шибеник со 1-0, со прекрасниот гол на Иван Ракитиќ од слободен удар и се врати на врвот на табелата, прескокнувајќи ја Ријека.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови