Димитар Мечкаровски е нов претседател на Судискиот одбор на ФФМ и доаѓа како наследник на Емил Божиновски, кој се повлече од функцијата. Ова е една од одлуките на денешната седница на УО на ФФМ.
„УО на ФФМ констатираше дека досегашниот претседател на Судискиот одбор, Емил Божиновски се повлекува од функцијата, по што го усвои предлогот доставен од Судиски одбор на ФФМ и го назначи Димитар Мечкаровски за нов претседател на Судискиот одбор на ФФМ. Досегашниот претседател на Судискиот одбор, Емил Божиновски останува член на Судискиот одбор“, информира ФФМ преку официјалниот сајт.
Редовното годишно собрание на ФФМ ќе биде одрќано на 12 март во Скопје. УО на ФФМ донесе одлука средствата од солидарната шема за развој на младински фудбал од сезона 2020/2021 во УЕФА Лига Шампиони да бидат распоредени подеднакво на клубовите учесници во Прва МФЛ во сезоната 2020/2021. ФФМ го усвои предлогот на Одборот на клубови од Прва МФЛ за зголемување на бројот на резервни фудбалери на записник од натпревар од 7 на 11 фудбалери.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













