
Диего Симеоне стана синоним за овој клуб за време на неговиот 12-годишен престој во Атлетико Мадрид, но наскоро би можела да заврши соработката меѓу Аргентинецот и „јорганџиите“.
Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Симеоне е блиску до одлука да се раздели со Атлетико на крајот од сезоната, иако неговиот договор истекува во летото 2024 година.
Негова замена би можел да биде поранешниот тренер на Барселона и селектор на Шпанија, Луис Енрике, кому наводно ќе му биде понуден тригодишен договор.
Енрике ја предводеше „црвената фурија“ на Светското првенство во Катар на крајот на минатата година, но откако беше елиминиран од Мароко во осминафиналето, мораше да си замине.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal