
Актуелниот шпански првак Атлетико Мадрид има многу полоша сезона од претходната во Ла Лига. Со падот на Барселона, кој летово беше најавен со заминувањето на Лионел Меси и Реал Мадрид, кој варира во формата, се очекуваше Атлетико Мадрид да може повторно да се бори за титулата. Сепак, актуелната сезона е сосема спротивна.
Иако пласманот во Лигата на шампионите не е далеку, сепак, кај раководството на клубот владее незадоволство поради лошите резултати. Во една таква ситуација, како што предвидуваат шпанските медиуми, Атлетико Мадрид би можел да се раздели со тренерот Диего Симеоне кој повеќе од една деценија е на кормилото на тимот.
Очигледно е дека има презаситување и дека веќе концепцијата на Симеоне не дава резултати во Атлетико Мадрид. Како наследник на Симеоне на клупата на Атлетико Мадрид се споменува Ернесто Валверде, поранешен стратег на Барселона и на Атлетик Билбао. Тој е без работа откако ја напушти Барселона во 2020 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
