Connect with us

Дибала најави тужба за Јувентус, си ги бара заостанатите плати

Минатото лето Пауло Дибала реши да го напушти Јувентус откако му истече договорот и ги изненади сите со одлуката да потпише за Рома. Јуве му понуди да остане и да потпише нов договор, но тој го одби бидејќи се чини дека веќе имал навестување што ќе се случува во клубот од Торино. Дибала откри и каков проблем моментно има со својот поранешен клуб.


Аргентинецот потенцира дека Јуве му должи 3,7 милиони евра во заостанати плати за 2021 година и тој не сакал да и го прости тој долг на „старата дама“, па е решен да ги добие тие пари што поскоро. Тој порача дека Јувентус има само уште еден месец да му плати или во спротивно неговите адвокати ќе бидат принудени да поднесат тужба.

„Јувентус ми должи над три милиони евра за плати од 2021 година. Рокот за исплата е до април, а доколку тоа не се случи, адвокатите ќе мора да ги тужат, иако цело време се обидував да го избегнам тоа “, изјави Дибала.

Дибала седум години го носеше дресот на Јувентус каде пристигна летото 2015 година од Палермо за 40 милиони евра, но летово по истекот на договорот реши да ги спакува куферите и среќата да ја побара во друг клуб.

29-годишниот напаѓач беше на прагот да потпише за Интер и веќе сите го видоа на „Меаца“, но тој потоа шокираше со одлуката да потпише за Рома.

Дибала ја прифати понудата на римскиот клуб и потпиша договор до летото 2025 година, а преку ноќ стана прва ѕвезда на „волчицата“ и миленик на навивачите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови