Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, објави дека никогаш не се покајал што не ги прифатил понудите од клубови како Реал Мадрид и Челси.
Лидерот на „црвените“ беше многу посакуван од двата клуба по успехот на Ливерпул во Лигата на шампионите во 2005 година, но остана лојален на својот тим и не го напушти „Енфилд“, и покрај понудите.

Џерард беше категоричен дека и денес би постапил на ист начин и би ги одбил понудите.
„Имав понуди од Реал Мадрид и од Челси, но срцето ми беше секогаш во Ливерпул. Никогаш не сум се покајал за таа одлука. Ако можам да се вратам назад во времето, пак би го направил истото“, сподели Џерард.
Во моментот, Англичанецот е тренер на Ал-Етифак. Џерард помина во Ливерпул седумнаесет години во периодот 1998 – 2015 година, во кои освои вкупно девет трофеи со „црвените“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













