Connect with us

Дестани: Верувам во нашиот тим и очекувам победа на Шкупи во Куманово

Во паузата поради настапите на македонската репрезентација, фудбалерите на Шкупи интензивно се подготвуваа за продолжението на сезоната. Ардит Дестани, крилниот напаѓач на чаирчани и стрелец на два гола во досегашниот тек од првенството, верува дека на гостувањето против Башкими, Шкупи може да стигне до позитивен резултат.

„Се одморивме, но и максимално се подготвивме за овој натпревар. Башкими е сериозен противник, тим кој иако се врати Првата лига, покажа дека е опасен и игра на високо ниво. Работевме напорно и одиме во Куманово со јасна цел да забележиме позитивен резултат. Башкими има голема поддршка од трибините, но за нас е позитивно и тоа што ќе играме на добар и погоден терен за нашата игра. Се надеваме дека нема да има грешки или пропусти, и на крајот ќе победи најдобриот. Ќе дадеме сè, ќе се бориме до крај – затоа што веруваме во нашата работа, во нашиот тим и во нашата победа“, рече Ардит Дестани.

Натпреварот меѓу Башкими и Шкупи ќе се игра на стадионот на Башкими, во 14:30 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови