
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, пред вечерашниот полуфинален натпревар против Мароко на Светското првенство во Катар оцени дека ривалот има способност одлично да се брани. Сепак, и потенцираше дека тоа не е единствениот квалитет на Мароко.
„Таа екипа има способност добро да се брани. Сепак, не смееме да го оцениме Мароко како само дефанзивен тим, не би биле во полуфиналето ако немаат и други квалитети. Тие им зададоа силни удари на досегашните противници“, изјави Дешамп.
Тој ги пофали и фановите на Мароко кои верно ја следат селекцијата на Мундијалот.
„Мароканците ќе имаат гласна поддршка од трибините, па моите помошници веќе разговараа со играчите за тоа. Се подготвуваме за натпреварот, мора да бидеме подготвен и за атмосферата. Моите играчи знаат што ги чека, но, сепак, публиката не дава голови на теренот“, истакна францускиот селектор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
