Connect with us

Дербито во Тетово во фокусот: Шкендија не смее да загуби, Шкупи доаѓа за да победи

Актуелниот првак Шкендија и амбициозниот Шкупи се најголемите фаворити за освојување на шампионската титула. Оттаму денешното дерби (15 часот) во Тетово предизвикува големо внимание. Бодовите се важни, но исто така и психолошката предност што победникот би ја имал во однос на ривалот во трката за трофејот.

Шкендија лошо ја стартуваше сезоната, во од се престрои, пред самиот почеток го именуваше Бруно Акраповиќ за нов тренер, а тетовскиот тим досега не покажа доминација каква што имаше минатата сезона. Но, далеку од тоа дека Шкендија не е квалитетен тим, а Арменд Алими се надева дека тој и соиграчите токму денеска во дербито со Шкупи тоа и ќе го потврдат.

„Дерби натпреварите се секогаш непредвидливи и тешки, се соочуваме со силен противник кој оваа сезона има големи амбиции, но овој меч за нас е можност да се вратиме на победите и што е можно поскоро да го вратиме вистинското лице на Шкендија. Овие две недели добро ги искористивме за да се подготвиме психички и физички, па мислам дека со максимална посветеност и мотивација ќе успееме да дојдеме до посакуваната победа која би била многу важна за нас“, изјави Арменд Алими.

Шкупи е подготвен за надигрување, порачува дефанзивецот Фаустин Сенгор.

„Денешниот натпревар ќе биде вистинско дерби, тежок и неизвесен дуел, но ние сме добро подготвени. Ќе биде тешко да се игра поради трагедијата што се случи во градот Тетово пред неколку дена. Сепак, ние ќе отпатуваме со цел да освоиме три бода и да се вратиме на врвот на табелата“, вели Фаустин Сенгор.

Пресметката меѓу Шкендија и Шкупи е закажана за 15 часот на Градскиот стадион во Тетово.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови