Connect with us

„Дерби на Италија“ за Толисо

Францускиот интернационалец Корентин Толисо по пет години ќе го напушти Баерн Минхен на крајот на сезоната. Тој беше доведен во германскиот шампион за 40 милиони евра од редовите на Лион во 2017 година, но за Баерн одигра само 101 натпревар поради проблеми со повреди. Повред беше и оваа сезона, па досега собра само 149 минути.


Толисо има договор со Баерн до крајот на сезоната. Германскиот клуб се обиде да го продаде, но никој не сака да плати отштетата за него бидејќи следното лето може да го добие бесплатно. Најголем интерес за него покажуваат италијанските клубови Јувентус и Интер. Во трката се и Тотенхем, ПСЖ и Атлетико Мадрид, но, сепак, Толисо е најблиску до преселба на Апенините.

Тој одигра 27 натпревари за Франција, од кои пет на Светското првенство 2018 година кога Французите станаа светски шампиони.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови