Connect with us

Депај потпиша за Атлетико Мадрид, а Барса доби право да го купи Караско за 15 милиони евра

Шпанските прволигаши Барселона и Атлетико Мадрид го официјализираа трансферот на Мемфис Депај. Холанѓанецот потпиша договор до 2025 година, а Атлетико за него плати три милиони евра и дополнителни средства преку бонуси.


Сепак, она што е најинтересно е што во договорот било поставено правото за Јаник Караско.
Барса и Атлетико потврдија дека каталонците можат без обврска да го купат Белгиецот за 15 милиони евра на лето доколку сакаат.


Депај си замина од Барса после година и пол, а тој дојде како слободен агент од Лион во периодот кога од клубот си заминаа Меси и Гризман.


Атлетико доби големо засилување во нападот, а останува да се види дали Барселона ќе ја искористи можноста да го купи Караско за 15 милиони евра на лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови