Connect with us

Дени Ингс потпиша за Вест Хем

Дени Ингс официјално направи трансфер од Астон Вила во Вест Хем. Лондончани за него ќе платат 15 милиони фунти, а играчот потпиша договор на 2,5 години.


Ингс би можел да дебитира за својот нов тим веќе утре во пресметката за опстанок против Евертон.

Поранешниот играч на Борнмут, Барнли, Ливерпул и Саутемптон има 68 гола на 188 натпревари во Премиерлигата. Минатата сезона тој постигна шест гола на 18 првенствени натпревари за Астон Вила.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови