Вечерва на СП во Катар на програмата се натпреварите од последното коло во групите Е и Ф.
Натпреварите во групата Ф ќе започнат во 16 часот. 
Европскиот дуел меѓу Хрватска и Белгија е во фокусот, а ќе играат и Мароко – Канада. Со исклучок на Канада останатите три репрезентации имаат реални шанси за пласман во осминафиналето.
Хрватска и Мароко со четири бода се во подобра позиција од Белгија која има три бода. Канада е последна без освоен бод.
Натпреварите во Е групата ќе се играат од 20 часот. Шпанија за противник ја има Јапонија, а Костарика ќе се пресмета со Германија.
Шпанците се во најдобра позиција, бод им е потребен за да бидат сигурни осминафиналисти. За останатите селекции има неколку комбинации.
Германија мора да ја победи Костарика и да чека поволен расплет на мечот меѓу Шпанија и Јапонија.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












