Шкупи го совлада Пелистер со 1-0 и ги „излечи“ раните по европската елиминација од Нефчи. Тимот од Чаир долго се мачеше со одбраната на гостите, а успеа да ја пробие најдобриот стрелец Дембо Дарбо во 89.минута од мечот. Тој одлично се снајде во шеснесетникот по корнерот од десната страна и од непосредна близина со удар со глава ја затресе мрежата на Давор Талески.
Шкупи имаше многу шанси за водство и во првиот дел. Капитенот Бесаир Исени и Дембо Дарбо ја погодија рамката од голот на Пелистер, а во 42.минута Исени не успеа да реализира пенал.
Во вториот дел продолжија нападите кон голот на битолчани. Дембо Дарбо, Исени, Глишиќ, шутираа кон голот на Талески, најчесто не беа прецизни, а и голманот на Пелистер имаше добри реакции. Сепак, за Шкупи најважно е дека успеа да слави и да освои три бода со кои е на врвот на табелата со 10 бода на контото по четири одиграни кола.
Вчера, Работнички и Вардар ремизираа 1-1, Македонија ЃП ја совлада Беласица со 2-1, а Академија Пандев стигна до минимален триумф (1-0) против Струга Трим Лум. Колото утре ќе се комплетира со мечевите Шкендија – Борец и Силекс – Ренова.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар се „лизна“ во Битола и освои само бод, а тоа го искористи Шкендија...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Мигел Пиреш (Силекс)
Силекс имаше доминантно издание во Кавадарци совладувајќи го Тиквеш на гости со 0-3. Тимот...
Автор makfudbal













