Францускиот интернационалец Осман Дембеле дојде во Барселона како големо засилување од Борусија Дортмунд, но бројните повреди не му дозволија да го покаже својот талент. Тој многу почесто беше во медицинската соба отколку на теренот. Сепак, најверојатно ќе остане на „Камп Ноу“ до 2025 година.
Раководството на Барселона му понуди можност за нова соработка, но тој ќе треба да се сложи на сериозно намалување на платата. Французинот има позитивен став за овој предлог и многу веројатно дека ќе го прифати. Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2022 година.
Според информациите од Каталонија, новиот договор треба да биде потпишан до крајот на ноември.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski