
Холандскиот репрезентативец и фудбалер на Ајакс, Дејли Блинд, го раскина договорот со клубот од Амстердам.
Тој имаше договор со Ајакс до крајот на сезоната, а сега дојде до спогодбена разделба.
„Во последните неколку дена постигнавме спогодбен раскин на договорот со Блинд. Се надевам дека ќе најде друг клуб каде ќе ја заврши успешната кариера. Заедно со него ќе избереме натпревар кој ќе се игра на ’Амстердам Арена’ каде Блинд ќе се прости од навивачите“, изјави спортскиот директор на Ајакс Едвин ван дер Сар.
За Ајакс играше од 2014 до 2018 година, а потоа четири сезони играше за Манчестер Јунајтед. Со холандскиот тим освои 11 трофеи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
