Фудбалската репрезентација на Англија пред околу два часа пристигна во Скопје, а на прес конференцијата пред новинарите се појавија селекторот Герет Саутгејт и фудбалерот за врска, Деклан Рајс. Тие ја истакнаа својата цел, да победат и на утрешниот меч на арената „Тодор Проески“.
„Сакаме да го завршиме квалификацискиот циклус со уште една победа. Секој натпревар е важен кога се игра за националниот тим и ние треба да останеме ментално силни и фокусирани и за утрешниот меч против Македонија. Знаеме дека тие можат да бидат и непријатни доколку им биде дозволено и сигурно дека пред своите навивачи ќе сакаат да одиграат добар меч. Но, во секој случај, ние сме подготвени за надигрување и веруваме во успех“, изјави Деклан Рајс.
Единственото реми Англија го одигра против Украина (1-1) на мечот во Врослав.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













