
Семејството Глејзер и објави дека Манчестер Јунајтед е на продажба, па голем број инвеститори ќе се обидат да го преземат раководењето со клубот од „Олд Трафорд“.
Почетната цена за преземање на Манчестер Јунајтед е пет милијарди фунти.
Англиската мегаѕвезда и поранешен играч на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам, сака да го преземе англискиот гигант и се обидува да пронајде инвеститори кои ќе застанат зад него. Тој е еден од ко-сопствениците на Интер Мајами од МЛС – лигата на САД, но секако дека би сакал да се врати во Премиер – лигата.
Најбогатиот Британец, Џим Ретклиф, исто така сака да го купи Манчестер Јунајтед. Сопственикот на хемискиот гигант Инеос сакаше да ги придобие „црвените ѓаволи“ и минатото лето, но тогаш сопствениците на клубот, семејството Глејзер, го одбија. Меѓутоа, сега ситуацијата е поинаква и Американците веќе најавија дека го пуштаат клубот на продажба, а Ретклиф е подготвен со нова понуда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
