Шведскиот фудбалер за врска на Тотенхем, Дејан Кулушевски, ќе отсуствува од терените до крајот на оваа календарска година поради повреда на коленото, која му пречеше да игра и на крајот од минатата сезона.
Според англиските медиуми, повредата на играчот е посериозна отколку што првично изгледаше.
За време на претсезонските подготовки, уште еден офанзивен играч за врска на Тотенхем, Џејмс Медисон, исто така заработи повреда во пределот на коленото и, слично на својот соиграч, нема да настапи за тимот од Северен Лондон до почетокот на 2026 година.
Со тоа Тотенхем остана без двајца офанзивни фудбалери истовремено. Ситуацијата дополнително се усложнува со работата на клубот на трансфер-пазарот, особено откако преговорите за Еберечи Езе пропаднаа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













