
Дефинитивно пропадна можноста за трансфер на Кристијано Роналдо во Наполи, тврди „Ил Матино“. Агентот на играчот Жорге Мендеш продолжи упорно да бара опција да го испрати својот најпознат клиент во италијанскиот клуб, но оттаму уште еднаш рекоа „не“, и ова беше нивната конечна одлука.
Се разговарало за различни опции, според кои напаѓачот на Манчестер Јунајтед би го носел дресот на „наполитанците“ кои ќе играат во Лигата на шампионите – нешто за што многу се интересира Роналдо.
Сепак, шемата вклучуваше трансфер на актуелниот напаѓач на Наполи, Виктор Осимен, на „Олд Трафорд“, при што CR7 би играл во членот на Серија А како позајмен играч. Потоа постоеше опција и двајцата да бидат заедно во Неапол, но на крајот претседателот Аурелио де Лаурентис ја отфрлил можноста за каков било договор.
На Мендеш и на Кристијано им остануваат уште нешто повеќе од 24 часа за да најдат друг клуб. Сепак, поради неговата висока плата, тоа изгледа речиси невозможно, освен, можеби да замине во Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
