Connect with us

Дебакл на екс-ју фудбалот: Само Динамо Загреб и напролет ќе игра во Европа

Динамо Загреб го совлада Балкани со 3-0 на „Максимир“ и обезбеди пласман во нокаут фазата од Конференциската лига. Ова е четврти пат во последните шест сезони хрватскиот шампион да обезбеди пролет во Европа.


Ефектот на Динамо добива дополнително значење во споредба со регионалната конкуренција.

Оваа сезона во едно од трите европски натпреварувања играа дури 28 клубови од земјите на поранешна Југославија. Хрватскиот шампион е единствениот клуб од тие 28 што напролет ќе игра во Европа.

Од македонските клубови, единствено Струга Трим Лум покажа малку повеќе „борба“ и подолго остана во Европа.

Сите екс-ју клубови кои испаднаа од Европа

Хрватска: Хајдук Сплит, Осијек, Ријека

Србија: Црвена Звезда, Партизан, ТСЦ Бачка Топола, Чукарички, Војводина

БиХ: Зрињски, Борац, Сараево, Железничар

Словенија: Олимпија, Марибор, Домжале, Целје

Црна Гора: Будуќност, Сутјеска, Арсенал Тиват

Македонија: Струга ТЛ, Шкупи, Шкендија, Македонија ЃП

Косово: Балкани, Дрита, Дукаџини, Гњилане

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови