
Даниеле де Роси изрази големо задоволство од неговото назначување за тренер на Рома. Поранешниот играч за врска потпиша договор до летото 2024 година, но постои и опција за продолжување доколку резултатите бидат според посакувањата.
Поранешниот италијански репрезентативец веќе ја одржа првата сесија со „џалоросите“.
„Емоцијата да се води Рома од клупата е неопислива. Сите знаат што значи Рома за мене, но работата што не очекува веќе е започната. Немаме ниту време ниту избор: мора да бидеме конкурентни, да се бориме за нашите цели и се трудиме да ги постигнеме“, изјави Де Роси за клупската веб-страница.
Неколку часа пред првиот тренинг на Де Роси, Рома го објави отказот на Жозе Мурињо. 40-годишниот поранешен играч од средниот ред играше за Рома од 2002 до 2019 година. Заедно со тимот, тој стана двократен победник на Купот на Италија и победник на Суперкупот на земјата.
Италијанецот се повлече од фудбалот во 2020 година. Потоа стана дел од стручниот штаб на Роберто Манчини во италијанската репрезентација и работеше во СПАЛ (од октомври 2022 до февруари 2023 година).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal