Connect with us

Де Јонг: Ла Лига е во наши раце, ако го добиеме Ел Класико и сите други натпревари…

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, смета дека борбата за титулата во Шпанија е во раце на каталонците, а во пресрет на мегадуелот Ел Класико во Мадрид. Холандскиот интернационалец вели дека ако Барселона го добие дербито против Реал Мадрид во 30. коло од Ла Лига, како и сите останати мечеви до крајот на шампионатот, ќе биде шампион.


„Ла Лига е во наши раце. Ако ги добиеме сите натпревари, ќе станеме шампиони. Сè зависи само од нас. Да се ​​освои Ел класико е многу важно. Таквиот резултат ќе нè приближи до целта, но мислам дека овој натпревар нема да биде решавачки. На натпреварите со Реал Мадрид секогаш има голем притисок. Денешното дерби нема да се разликува од претходните. Ние сакаме да победиме и како се приближува мечот, така се зголемува психолошкиот притисок“,
изјави Де Јонг.

Реал Мадрид вечерва ќе ја пречека Барселона на стадионот „Алфредо ди Стефано“, со почеток во 21 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови