Фудбалската репрезентација на Белгија има јасна цел – триумф против Македонија, со кој би се искачила на првото место во групата во завршницата од квалификациите за Светското првенство 2026 година.
Искусниот Кевин де Бруин, кој е соиграч на Елиф Елмас во Наполи, нагласи дека Белгија не смее да направи нов грешен чекор против Македонија и дека тоа нема да се повтори.
„На првиот натпревар против Македонија не бевме на потребното ниво и противникот заслужено освои бод. Сега сме сите решени ситуацијата да биде поинаква. Не смееме да да направиме нов грешен чекор. Подготвени сме максимално, целосно сме фокусирани и очекуваме победа и три бода,“ изјави Де Бројне.
Селекторот Руди Гарсија изрази уверување дека неговиот тим ќе одигра квалитетен меч и ќе ја оствари зацртаната цел, но не заборави да упати пофални зборови и за македонската селекција.
„Македонија е квалитетен противник и во ниеден момент не смееме да ја потцениме. Добро ги анализиравме нивните настапи, но верувам дека сѐ ќе зависи од тоа како ние ќе се поставиме на теренот утре. Нашата цел е победа и ќе дадеме сѐ од себе за да ја постигнеме,“ изјави Руди Гарсија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













