Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, упати дополнителен повик за Давид Тошевски, напаѓачот на Австрија Клагенфурт, кој се приклучува на националниот тим за претстојните натпревари против Лихтенштајн и Велс.
После првиот тренинг селекторот Милевски се соочи со непланирани проблеми поради повреди на двајца фудбалери.

Милан Ристовски и Лирим Ќамили нема да бидат во составот на македонската репрезентација за претстојните натпревари против Лихтенштајн и Велс.
Како замена, селекторот дополнително го повика Давид Тошевски од Австрија Клагенфурт.
Настапот на Стефан Ашковски останува неизвесен поради повреда на зглобот, а неговата состојба ќе биде дополнително проценета од медицинскиот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













