Connect with us

Давид Алаба пет години во Реал Мадрид

Австрискиот интернационалец Давид Алаба и официјално е нов член на Реал Мадрид. Она што беше најавено пред неколку месеци, денес е и потврдено – Реал Мадрид на веб-страницата на клубот потврди дека потпишан е петгодишен договор со поранешниот играч на Баерн Минхен, Давид Алаба.


Засега од Мадрид, само толку, а свечената промоција на австрискиот дефанзивец ќе се одржи по враќањето на Алаба од Европското првенство.


Алаба во јуни ќе наполни 29 години, тој е член на Баерн од 2008 година, кога пристигна во Минхен како талентиран фудбалер од Австрија Виена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови