Дефанзивецот Дарко Велковски се враќа на списокот на селекторот Игор Ангеловски за стартот на квалификациите за Европското првенство 2020 година. Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекува домашен натпревар против Летонија на 21. март, а потоа и гостување во Словенија три дена подоцна.
Покрај Велковски, во националниот тим ќе се врати и Кире Маркоски, кој игра добро во Спартак Трнава, а шанса ќе добие и младиот Дарко Чурлинов, кој блеска во младинскиот тим на Келн.
Поради повреда ќе отсуствува Аријан Адеми, а иако треба да се најдат на списокот кој официјално ќе биде објавен утре, до крај неизвесен ќе биде настапот на Иван Тричковски и на Стефан Спировски. Напаѓачот има повреда на мускулот, додека играчот за врска на Ференцварош има болки во коленото.
На голманските позиции ќе бидат Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Дени Илиев.
Одбраната ќе ја сочинуваат Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Кристијан Тошевски и Езгјан Алиоски, во средниот ред се Елиф Елмас, Енис Барди, Бобан Николов, Ферхан Хасани, Кире Маркоски и младиот Дарко Чурлинов, а во нападот капитенот Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски и Крсте Велковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Линекер: Хари Кејн е подобар играч од мене
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













