Дарко Мицевски се врати во најтрофејниот македонски клуб Вардар. Тој денес потпиша четири и пол годишен договор со „црвено-црните“. Повратникот во Вардар е освојувач на шампионската титула во сезоната 2019/20 откако две и пол години настапуваше за клубот.
„Ми претставува голема чест и задоволство враќањето во Вардар, едноставно повикот од најтрофејниот македонски фудбалски клуб не се одбива. Им благодарам на сопственикот Слободан Крстевски и спортскиот директор Александар Бајевски за повикот и довербата, лесно се договоривме и заеднички ги усогласивме целите на клубот. Верувам во овој проект, искрено се надевам дека ќе биде еднакво успешен како и при мојот претходен престој тука. На сите навивачи и приврзаници на Вардар им ја честитам новата година и божиќните празници, се гледаме на терен, да го вратиме Вардар таму каде што му е местото”, изјави Дарко Мицевски.
Вардар претходно го врати и голманот Филип Гачевски и во пролетниот дел од сезоната ќе тргне во јуриш за експресно враќање во елитата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













