Connect with us

Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се сели во првенството на Турција. Тој потпиша двегодишен договор со турскиот прволигаш Кочаелиспор. По одисејата во Полска, каде играше како позајмен играч во Јагиелонија и остави одличен впечаток, сега Чурлинов ќе има нов предизвик во Турција.

Во текот на денешниот ден Чурлинов треба да ја има и официјалната промоција во дресот на Кочаелиспор. Овој трансфер всушност е перманентен, со оглед дека Македонецот беше под договор со англискиот клуб Барнли.

Новиот тим на Дарко Чурлинов, Кочаелиспор, по четири кола во првенството на Турција има еден освоен бод и мисијата оваа сезона ќе биде да го задржи елитниот статус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови