Англија не делува како супер фаворит на почетокот на ЕВРО 2024, но веќе освои четири бода. По победата од 1-0 против Србија, тимот на Герет Саутгејт вечерва одигра 1-1 против Данска. Во последното коло ќе се соочат со Словенија, што ги става многу блиску до пласман во осминафиналето.
Хари Кејн го отвори резултатот во 18. минута, но Мортен Хјулманд израмни со прекрасен гол од далечина во 34. минута.
Во второто полувреме, Англија беше поактивна. Фил Фоден ја погоди стативата, Оли Воткинс имаше шанса за гол, но и Џордан Пикфорд мораше да интервенира за да спречи втор погодок во неговата мрежа.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski