
Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски продолжува со турската авантура. Офанзивниот играч денеска официјално стави потпис на договор со Сиваспор и ќе го облече црвено-белиот дрес на клубот од централна Анадолија.
Аврамовски се пресели во Турција минатата година, најпрво во Болуспор, а потоа кратко време настапуваше и за Игдир. Сега ќе добие нова можност за афирмација во Сиваспор, клуб со богато искуство во елитата и на европската сцена.
За македонскиот фудбалер ова не е прв престој во Турција – во 2021 година беше дел од Кајсериспор.
Неговата кариера започна во Македонија ЃП и Работнички, беше дел и од Вардар, а како интернационалец ги носеше дресовите на Олимпија Љубљана, Војводина, Црвена Звезда, ОФК Белград.
На репрезентативен план, Аврамовски има осум настапи за сениорскиот тим на Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
