Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски прави трансфер оваа зима, но останува во Турција. Тој заминува од турскиот второлигаш Болуспор, но и понатаму ќе игра во истата лига, а отсега ќе го носи дресот на Игдир. Се работи за клуб кој се бори за опстанок во лигата, а Аврамовски треба да биде едно од главните засилувања за мисијата да биде успешна.
Даниел Аврамовски имаше одлични игри за Болуспор во првиот дел од сезоната. Тој постигна девет гола и забележа четири асистенции во првите 19 коа и се наметна како еден од најдобрите фудбалери во Втората лига на Турција.
Неговиот нов клуб Игдир се наоѓа на 15. позиција, и има само два бода повеќе од клубовите кои се наоѓаат во опасната зона на табелата.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












