Connect with us

Дани Алвеш задржан во притвор, без право на кауција

Поранешниот фудбалер на Барселона, Дани Алвеш, ќе биде задржан во притвор без кауција, пренесуваат шпанските медиуми.


Како што е познато, Бразилецот е обвинет за сексуален напад на жена во тоалетите на ноќен клуб во Барселона ноќта на 30 декември минатата година.


Судијата на 15. Истражен суд во Барселона го исполни барањето на обвинителството. Така, фудбалерот ќе биде задржан во притвор и нема да биде пуштен со кауција.


Поранешниот играч на Барселона денеска беше уапсен од каталонската полиција и даде изјава. Ова се случи откако Дани Алвеш доброволно се врати во Шпанија од Мексико, каде што моментно живее и игра за Пумас.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови