
Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвеш по пет и пол години е на пат да се врати во Барселона, а назначувањето на неговиот поранешен соиграч Чави Хернандез за тренер несомнено ја турка оваа приказна напред.
По заминувањето од Барселона во летото 2016 година, Алвеш одигра една сезона за Јувентус, две за Пари Сен Жермен, а од минатата година е во Сао Паоло, кој неодамна го напушти.
Според информациите кои пристигнуваат од Бразил, поранешниот репрезентативец на оваа земја е во преговори со челниците на Барселона околу неговото враќање во клубот. Се наведува дека двете страни се исклучително заинтересирани, но дека се работи на детали до конечниот договор.
Алвеш е слободен играч од септември, а и покрај годините се уште ја одржува формата за да продолжи со професионалниот фудбал. Сакаше да остане во Бразил, но враќањето на Чави во Барселона го смени неговиот план. Ќе биде интересно да се види дали ќе се постигне договор и во каква форма ќе му помогне на клубот. Неговата кариера е при крај, а не би било чудно доколку и по завршувањето добие функција во клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо се враќа во Португалија?

Евро-фудбал
Џејдон Санчо во Јуве, тоа е веќе завршена работа

Евро-фудбал
Милан му нуди нов договор на Рафаел Леао

Евро-фудбал
Рашфорд доаѓа на позајмица во Барселона

Евро-фудбал
Лукас Васкез доаѓа во Јувентус?

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по потписот на Александер Исак

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
