Connect with us

Дани Алвеш останува во истражен затвор

Судот во Барселона ја одби жалбата на Дани Алвеш и одлучи Бразилецот да остане во истражен притвор без кауција до неговото судење. Тој е обвинет за силување на 23-годишна девојка во еден од тоалетите на ноќен клуб во Барселона на 30 декември 2022 година.


Минатиот четврток неговиот адвокат Кристобал Мартел побара негово ослободување. Сепак, одбраната на жртвата и обвинителството сметаат дека постои голем ризик доколку биде ослободен, Алвеш да може да се врати во Бразил.


Судот ги прифати овие аргументи и ја отфрли жалбата на Дани Алвеш.


Алвеш е во истражниот затвор веќе еден месец. Доколку биде прогласен за виновен, се соочува со ефективна затворска казна од 4 до 12 години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови