Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, изјави дека неговиот тим има шанса против Аргентина во полуфиналето на Светското првенство во Катар.
„Не посветувавме многу внимание на нив. Полни се со мотивација, Бразил испадна и поради тоа слават. Ни претстои тешка задача, а тие ќе имаат огромна поддршка. Меси и понатаму е нивниот главен играч и игра одлично. Другите се менуваат. Ди Марија е таму, има помлади играчи… Но, сѐ ќе зависи од нас. Ако не бидеме на потребното ниво, ништо друго нема да биде важно. Тие се ранливи, имаа 2-0, а потоа беше 2-2. Ќе направиме анализа, секако дека ќе се обидеме да победиме“, изјави Далиќ.
Во вторник од 20 часот се среќаваат Аргентина и Хрватска во првото полуфинале на Мундијалот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













