
Менаџерот на Брентфорд, Томас Франк, поради зголемениот број на заразени фудбалери од Премиер – лигата, побара да се одложи целото следно коло.
„Мислам дека цела рунда од Премиер – лигата треба да се одложи овој викенд. Расте бројот на заразени со коронавирусот во сите клубови од Премиер – лигата, сите се справуваат со тоа и имаат проблеми“, изјави Франк.
Во пресрет на гостувањето на неговиот тим во Саутемптон в сабота, тој изјави дека разговарал со челниците на Премиер – лигата, како и со други тренери, кои се согласуваат со неговиот став.
Во тимот на Брентфорд има уште четири позитивни случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заболени се искачи на 13.
Натпреварот од 17. коло од Премиер – лигата меѓу Брентфорд и Манчестер Јунајтед, кој требаше да се одигра во вторник, беше одложен откако избувна коронавирусот во тимот на Јунајтед.
„Одложувањето на ова коло, како и натпреварите во Лига купот, ќе им даде на сите најмалку една недела да ги решат проблемите и да го прекинат тој синџир“, додаде тој.
Брентфорд е на 12. место со 20 бодови по 16 одиграни натпревари во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан
