
Пеп Гвардиола сè уште не знае дали ќе може да смета на Ерлинг Халанд за дербито со Ливерпул во недела. Норвежанецот го пропушти реваншот против Реал Мадрид откако се повреди на крајот од натпреварот со Њукасл.
Во исто време, Манчестер Сити се соочува со дополнителни проблеми во одбраната – Џон Стоунс ќе биде надвор од терените најмалку два месеца, а исто толку ќе отсуствува и Мануел Аканжи. Од друга страна, Кевин Де Бруин е целосно подготвен, а неговото непојавување против Реал било тактичка одлука на Гвардиола.
„Сè уште не знам. Ќе знам утре. Подобро е да го имаме Ерлинг на теренот бидејќи со него сме посилни. Џон Стоунс има посериозна повреда и во следните денови ќе знаеме дали ќе треба операција. Тој ќе отсуствува подолго, исто како Аканџи, кој ќе биде надвор од терените од осум до десет недели“, изјави менаџерот на Сити.
Гвардиола одби да го спореди Ливерпул на Арне Слот со оној на Јирген Клоп.
„Нема да одговорам на тоа прашање. Го почитувам Јирген и не сакам да учествувам во такви дискусии.“
Говорејќи за предизвиците во Премиер – лигата, Гвардиола истакна дека повредите во тимот му создаваат дополнителна мака.
„Имаме двајца централни дефанзивци надвор од терените на два-три месеци, но Премиер – лигата ни е многу важна. Не сме секогаш стабилни, но во некои натпревари, како против Њукасл, бевме на високо ниво. Ќе се обидеме да одиграме добар меч и да ги освоиме потребните бодови за пласман во Лигата на шампионите следната сезона“, заврши Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
