
Потпретседателот на Гремио, Маркос Херман откри дека клубот се наоѓа на чекор до потпис со Даглас Коста. Бразилскиот крилен напаѓач беше позајмен во Баерн Минхен за тековната сезона, но досега настапи само 11 пати во германската Бундес – лига.
“Бевме поканети да одиме во куќата на Даглас да разговараме за можен трансфер”, рече Херман. “Неговите барања се поголеми од она што го заработува во Европа. Малку ја подобривме нашата понуда и сме многу поблиску до договор, а тој сега ќе се обиде да се ослободи од Јувентус.
„Ако Јувентус дозволи, сигурен сум дека ќе постигнеме договор. Сето тоа благодарение на напорот што го вложи Даглас и она што го прави Гремио. Но, ве уверувам дека понудата спаѓа во нашите економски можности.”

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
